Веќе зборувавме за суштинската улога на материјалите во светот на модниот дизајн, но во продолжение детално ви ја разглобуваме легендата и историјата на еден од најквалитетните и накористените материјали во колекциите на големите дизајнерски имиња. Фасцинантен природен материјал. Свилата отсекогаш била симбол на скапоценоста и елеганцијата. Доказ дека мудроста и генијалноста на човековиот ум е во состојба да се трансформира во многу различни варијанти.
Приказната за свилата датира од античко време и е врзана за далечни култури и традиции. Легендата вели дека кинеската царица Xi Ling Shi, на свои четиринаесет години го открива потенцијалот на овие текстилни влакна. Свилената буба со векови љубоморно била чувана од страна на кинеските императори. Во 550 година п.н.е., преку Византиската Империја, свилата пристигнува на Западот. По малку чудна е нејзината приказна, се вели дека монасите на царот Јустилијан увезувале јајца кои ги криеле во дното на некои трски. Тоа бил клучниот момент кога кинескиот монопол се распаднал и долги години чуваната тајна за постоењето на свилата го здогледува светлото на денот. Оттогаш, па наваму, започнал еден мошне плоден период за италијанските предива, а градовите кои беа примарни во оваа област се Палермо, Катанѕаро и Комо.
Дванаесеттиот век означува вистински пресврт во историјата на обработка на свилата, преминувајќи од рачна изработка кон воведување на познатата “mulino alla Bolognese“. Се работи за мелница, која работи на принципот на вода, хранејќи се од речните канали на Савена и Рено кои директно дотекуваат во градот Болоња. Италијанското производство на свила, во тоа време сепак преживува голем колапс, како резултат на силната конкуренција од француски превези кои се полесни како материјали и не чинат многу пари, а и како резултат на големиот увоз на бенгалски свили кои се далеку поевтини.
Но како всушност се создава свилата???
Новородената свилена буба е црв кој се храни само со лисја од црница. Како што станува поголема по 3 до 4 недели, почнува да лачи влакна кои се со варијабилна должина од 350 метри до 3 километри, со кои формира таканаречен кожурец. Во внатрешноста на кожурецот свилената буба се преобразува во пеперутка која излегувајќи надвор од школката има време да положи јајца, за ново потомство и веднаш умира. Кожурците се собираат, а потоа машински се обработуваат и во зависност од влакното на свилената буба како и нивото и квалитетот на обработка се добиваат различни видови на предива од свила.
Како на пример органтинот или крепсатенот материјали кои имааат слични карактеристики. Потоа следува, суровата свила или „Bourette“, која се добива од отпадот на свилените влакна од надворешниот и внатрешниот дел на кожурецот. Помеките свилени влакна создаваат полесни материјали како што се муслин, жоржет, крепсатен, сатен, шифон, па потоа преминуваат во материјали со поцврста структура како тафтот. За креирање на целосна модна визија свилата најчесто се користи во комбинација на други материјали како брокат и кадифе. Модната индустрија била отсекогаш фасцинирана од леснотијата на овој материјал, а особено од мекоста и сјајноста која ја поседува.