Секоја година ова време, магазинот ELLE оддава почит на најистакнатите и најсилните жени од Холивуд, споделувајќи ги нивните инспиративни приказни со светот. Па така, и оваа година, ELLE посветува осум корици на жени кои континуирано работат на подобрување на местото на жената, како во забавната индустрија, така и во општеството.
Денес, пет години од отпочнувањето на движењето #MeToo кое длабоко ја растресe забавната индустрија, преку бројни потресителни приказни споделени од актерки, режисерки, сценаристки, музичарки и продуцентки, можеме со сигурност да кажеме дека светот е сè уште далеку од еднаков и безбеден за жената.
Сепак, 2022 беше година одбележана од бројни блескави женски имиња кои претставуваат некаков доказ дека сепак има надеж за некоја подобра иднина.
Такви примери се Мишел Јео која прикажа неверојатен пресврт во „Everything Everywhere All at Once"; влегувањето на Иса Рае во она што таа го нарече „магнат ера"; Оливија Вајлд и Зое Кравиц станаа дел од „машкиот" свет на режисери; Сигурни Вивер која се осврнува на постојано присутната возрасна дискриминација во индустријата; Ен Хатавеј која зборува за моќта на целосно женскиот сет; Сиднеј Свини која укажува на вклучувањето на координатори за интимност на филмскиот сет како знак на напредок, и Аријана ДеБозе која зборува за сеприсутниот неправеден третман на жените во Холивуд кои не се бели, ниту стрејт.
„Ако има нешто што ја обединува оваа неверојатно талентирана група жени, чија работа опфаќа различни жанрови и континенти, тоа е дека сите тие се жестоко решени да ги достигнат своите соништа.", велат од ELLE.
Погледнете како изгледаат овие жени на нивните насловни страници.
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle
Фото: Elle