Модни илустрации

29 јуни 2013

Од почетоците на дизајнерството постои илустрацијата. Со модните цртежи се претставува цела палета од технички нацрти до абстрактна уметност. Културните и уметнички промени наметнати од епохата на времето создале низа варијанти на модните стилови и дизајни на креациите на облеката кои ги менувале своите форми низ годините, а со тоа се менувал и начинот на кој уметниците бирале да илустрираат . Во 1800тите и 1900тите години илустрацијата беше тврда и нефлексибилна исто како и општеството. Тоа е време кога фигурата на телото е обвиткана во елаборирани неудобни костими.

Andy Warhol Andy Warhol

 

Paul Poiret, со своите илустрации целосно го смени лицето на модата со примена на нова уметничка форма и техника на боени принт техники наспроти рачно гравирачко цртање на постарите уметнички илустрации. Новите модни стилови и техники придонеле за новата илустративност.

Paul Poiret 1908 Illustration Paul Poiret 1908 Illustration

Paul Poiret 1908 Paul Poiret 1908

 

Leon Bakst, моден илустратор чиј уметнички израз многу се разликувал од не-емотивниот, тврд сликовит приказ на моделите. Неговите дизајни како костимограф се многу егзотични и со фигури  на претерана промена во движењата. Користел богата палета на бои и гестови. Во текот на 1920тите години списанијата како Vogue и Harper’s Bazaar почнуваат грациозно да ги разведруваат своите насловни со модни илустрации.

Leon Bakst Leon Bakst

 

Coco Chanel, целосно го трансформира стилот на модата со своите модни додатоци, концепти за комфорност, разноврсност во машко-женскиот стил и нејзината колекција на модерна и шик висока мода од 1916 година. Chanel изгледот на модна едноставност и опуштеност како и женската либерација проследена со art deco стилот во архитектурата   доведоа до промени во модните скици во дваесетите години. Подоцна свесноста за физичката убавина на телото и романтичноста придонесе за поживи илустрации на моделот.

CHANEL Illustration CHANEL Illustration

Chanel Perfume Chanel Perfume

 

Dior, по големата депресија го создаде Новиот Изглед и ја дизајнираше новата оптимистичка и женска колекција. Тоа значеше креација на свежи модни илустрации и новитети со употреба на водените бои и други инвентивни уметнички техники. Alfredo Boiret е илустраторско име кое во текот на 40тите и  50тите години создаваше креации за Chanel,Dior,Balmain.

Christian Dior 1959 Fashion Illustration Christian Dior 1959 Fashion Illustration

 

Поп арт културата и ултра модерните стилови инспирираа илустрации кои станаа каприциозни и апстрактни, богати во бои и форми. Имиња како Constance Wibaut, Rene Gruau и секако симболот на илустративната  емоција на Warhol ги обои 70тите години со неонската експлозија на бои. Подоцна во текот на 80тите веќе модните илустрации се заменуваат со фотографијата која целосно преовлада особено во смисла на насловните во магазините. Меѓутоа напредната едукација на полето на илустративната мода и комјутеризацијата доведуваат до повторна реанимација на цртежот кој сега со модерните додатоци е презицен и жив како и самото модно парче. Современите години на илустрацијата ја бележат имиња како Mary Katranzou, David Downton, Michael Kors,Autumn Whitehurst, Cecilia Carlstedt, Coco Pit и многу други.

 

 

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Стории