Алесандро Микеле најави дека ќе ја напушти функцијата креативен директор на Gucci во средта оваа недела. Дизајнерот ја извршуваше својата главна улога повеќе од седум години, а работеше во компанијата повеќе од две децении.
Во објавата на Инстаграм, Микеле напиша: „Во овој долг период, Gucci беше мојот дом, моето посвоено семејство. На ова пошироко семејство, на сите поединци кои се грижеа за него и го поддржаа, ја испраќам мојата најискрена благодарност, мојата најголема и најсрдечна прегратка. Заедно со нив посакував, сонував, замислував. Без нив, ништо од она што го изградив немаше да биде возможно".
Она што го создаде Микеле, во голем дел, беше честопати и добредојдено на најголемите црвени теписи во светот. Некои од нaјпопуларните личности, меѓу кои Хари Стајлс, Били Ајлиш, Дакота Џонсон, изградија визуелен идентитет нераскинлив од ексцентричниот вкус на Микеле.
И да не ја заборавиме неговата разиграност! Некои од најнезаборавните примери го фклчучуваат изгледот на Џаред Лето на Мет Гала 2019 година, кога тој сосебе носеше копија од својата глава, и беше облечен во жешко црвена свлилена наметка и впечатлив блескав накит со дијаманти преку целото торзо.
На оваа листа се вбројуваат и A$AP Rocky облечен во свилен шал во бабушка стил во 2018 година; зелените ракавици на Џоди Тарнер на филмскиот фестивал во Венеција претходно оваа година; виолетовиот пердуфест шал на Хари Стајлс на Греми 2021 година; и омбре фустанот на Џесика Честејн за Оскарте во 2022.
Во прилог ги претставуваме најдобрите креации на Алесандро Микеле што блеснаа на црвените килими во текот на изминатите години.