Неговата прва колекција за Ланвин се случи есента во 2002 година и оттогаш, Албер Елбаз леташе нежно и бајковите низ скалилата на модната сцена, како пеперутката која постојано ја носеше и стана негов заштитен знак.
Дизајнерот кој ги облекуваше Мерил Стрип, Натали Портман, Шарлиз Терон, Ема Стоун, а кој го сакаа сите - од колеги до клиенти, секогаш ја истакнуваше убавината на женското тело без да изгледа вулгарно, сакајќи неговата облека да е практична, нослива, соодветна.
Сигурно го паметите златниот фустан кој Мерил Стрип го носеше клга последен пат собра Оскар. Или панталоните и топот на Ема Стоун од БАФТА. Фустанот во кој Бијонсе ја најави својата бременост. Сите се креации на Ланвин под водство на Елбаз.
Албер Елбаз си замина на 25 април оставајќк зад себе големо наследство од кое можат да учат идните генерации. Во продолжение, некои од неговите највпечатливи креации...