Познатите го преземаат кормилото во инстантната модна индустрија?

20 јуни 2014

Ако во маркетинг стратегијата на модните брендови некогаш познатите беа само заштитни лица на конкретни рекламни кампањи, денес конкуренцијата во трката за инстантно освојување на пазарот оди до таму што, некогаш заштитните лица се' почесто, барем формално, стануваат креатори во создавањето сопствени линии под името на некој познат бренд, но дури и сопствена модна етикета сериозно посветувајќи се на овој бизнис.

Секојдневно и се' почесто сведочиме како филмските, музичките и спортските ѕвезди застануваат зад кормилото во модниот сообраќај тресирајќи свои модни патеки кои благодарение на звучноста на нивното име, стануваат веднаш планетарно популарни, дури и тогаш кога од професионален моден аспект не заслужуваат такво внимание.

Гвен Стефани Гвен Стефани

Кај некои амбициите застануваат до содавањето на нивна линија во рамките на веќе познат моден бренд, но кај други хоризонтите се многу подалеку, па тие успешно препливувајќи ги бариерите помеѓу различните креативни индустрии, од пејачи и актери брзо го освојуваат епитетот моден дизајнер како на пример Викторија Бекам и Гвен Стефани кои веќе создадоа сериозни модни империи.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Стариот модел каде познатите беа само пасивни играчи во маркетинг стратегијата, е веќе мртов. Според новите „правила“, славните се активно, дури и агресивно ангажирани. Тие се миленици на јавноста иако најчесто неквалификувани, компензираат со популарноста на друго поле. Затоа секој ден читаме за линија чанти, чевли, модни додатоци и облека зад кои се потпишува славно име, а во суштина за која напорно работи цел креативен тим.

Мери Кејт и Ешли Олсен Мери Кејт и Ешли Олсен

Кој е ефектот?

Инстант и загарантирана заработувачка, директно влијание врз консументите и индиректно влијание врз позицијата на брендот што секако може да има позитивна или негативна насока. Брендот се идентификува со одредена позната личност што доведува до еден момент кога препознатливоста е според името, а не според специфичните модни карактеристики како кроевите, дезените или принтовите иако двете можности не се исклучуваат една со друга.

Границите помеѓу  различните креативни индустрии се' повеќе се стеснуваат, териториите се испреплетуваат, па така се’ почесто ќе ги гледаме модните дизајнери во улога на режисери, а манекенките како модни дизајнери и така во еден бесконечен магичен круг на поделени улоги.

Канје Вест Канје Вест

Дел од познатите имиња кои се испробаа во светот на модната индустрија:

Канје Вест е првиот маж-музичар кој влезе во плакарот на жената и создаде своја женска линија облека која ја промовираше на први октомври 2011 година на париската модна недела;

Бијонсе е една од навлијателните жени во светот, па од неа не се очекуваше ништо помалку од тоа да ја искористи својата популарност покрај другото и со создавање на свој моден бренд,  House of Dereon кој заедно со својата мајка го лансираше во 2006 година;

Истата година, мултиталентираниот Џастин Тимберлејк  заедно со својот пријател Трејс Алаја  го објавија лансирањето на заедничката линија William Rast која се базира на тренди џинс парчиња;

Бијонсе и Тина Ноулс Бијонсе и Тина Ноулс

Поп и модната икона Гвен Стефени која и самата е препознатлива по нејзиниот личен урбан и еклектичен стил, доста успешно функционира и како моден дизајнер зад брендот L.A.M.B што е акроним од нејзиниот прв соло албум Love,Angel,Music,Baby…;

Викторија Бекам е можеби една од оние познати имиња која најактивно твори во полето на модниот дизајн и речиси целосно својата примарна музичка професија ја замени со дизајнерското модно студио;

Сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен се едни од најобожуваните славни личности во модната индустрија. Нивниот бренд The Row продуцира комерцијална облека и модни додатоци кои високо котираат на модниот пазар;

Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк

 

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Стории