Прифаќањето на сопствениот стил е важно за секого. Тоа значи дека сме сме пронашле во модна смисла и самоуверено го носиме секое парче облека.
Сепак понекогаш ни треба мал поттик, идеја за да создадеме стајлинг во којшто ќе се чувствуваме убаво и комфорно.
Модните дизајнери не само што создаваат маестрални креации, туку и потткнуваат со своите стилски совети.
Некои од нив остануваат безвременски и ни ја даваат онаа позитивна мисла и енергија што ни треба.
Во продолжение издвојуваме неколку од нив.
Џани Версаче
Немојте слепо да ги следите трендовите. Не дозволувајте модата да ве опседне. Вие решавате кои сте и што сакате да покажете со начинот на којшто се облекувате и живеете.
Ив Сан Лоран
Модата избледува, стилот е вечен!
Кристијан Диор
Не купувајте премногу. Гледајте тоа што ќе го купите да биде квалитетно.
Коко Шанел
Ако изгледате неуредно, ќе ја запомнат облеката. Но, ако се потрудите малку повеќе ќе ве запомнат вас.
Оскар де ла Рента
Да се биде добро облечен, не значи дека треба да поседувате скапи парчиња. Важен е балансот и осетот за стил.
Вера Ванг
Жената е најпривлечна кога се чувствува комотно во тоа што го носи.
Ралф Лорен
Модата не треба да се поврзува со брендови. Таа е нешто што доаѓа одвнатре, од нас самите.
Кристијан Лобутин
Чевлите го трансформираат однесувањето и говорот на твоето тело. Те подигнуваат на емотивно и психичко ниво.
Џон Галијано
Модата е за да се ужива во неа, во моментот. Не ги чувајте најдобрите парчиња само за важните прилики. Бидете сензационални секој ден.
Фото: Pinterest