Уредничката на порталот „Јаху“, Џоана Даглас откри што се се случува за време на модната недела во Њујорк, каква е ситуацијата зад сцената, што се можете да добиете за подарок и какви се ѕвездите кога мислат дека никој не ги гледа.
Одењето на ревија чини
Службената пријава за модна недела чини 80 долари, однапред. Ако прес службата одобри, вие ќе добиете акредитација со помош на која влегувате во шаторите и добивате попис на контактите на дизајнерите кој кои морате да поднесете барање за место. Тоа е тоа. Нема гаранција дека ќе ги видите сите модни ревии. Колку пати ме прашале да им покажам акредитација - ниту еднаш.
Тие неколку дена можете да живеете од бесплатна храна
Бекстејџот е секогаш преполн со храна. Понудата е типична - доручек: кроасани, пецива, разни видови јогурт, овошни купови, сок од портокал и кафе. Ручек - мини сендвичи, хумус и зеленчук, колачиња, мини мафини... Во доцното попладно/вечер: салата од тестенини, разни салати, сендвичи, комбинации на овошје и сирење, колачиња...
Носењето потпетици е грешка
Секоја година барем десетина модели паѓаат по пистите поради неверојатно високи по
рај тоа личностите кои ги следат ревиите и самите носат високи потпетици, што повисоки-тоа подобро. Но, ако сте таму поради работа, ниските чевли се единствена опција. Јас носев обувки со високи потпетици првите два дена и зажалив поради тоа.
Ако баш морате да ги носите, првин „оштетете ги“
Зад сцената постои цела екипа луѓе кои се задолжени за облекување на моделите. Една од нивните работи е да ги „засечат“, ѓоновите на чевлите за да не се лизгаат и за да не можат манекенките да паднат. Добар трик.
Луѓето полудуваат за бесплатни работи
Секој би помислил дека модната елита ќе се однесува примерно, како дами и џентлмени. Но, не. Изложете пред нив фрижидер со бесплатно Starbucks фрапучино и тие се претвораат во животни. Фрижидерите со бесплатни намирници - кафе, вода, кефир пробиотик и слично се обновуваат постојано, па сепак не е убаво да видите како луѓето се грабаат за три или четири шишенца и ги ставаат во торба пред излегувањето од шатор. Тоа исто важи и за производите за убавина или коса. Тие се грабаат и за бесплатни примероци за пена за коса, па се враќаат и по неколку пати. На кого му треба толку пена за коса?!
Луѓето ќе се обидат да ви го украдат местото ( и вие можете да го украдете нивното)
Човек би помислил дека вашето име или името на вашата компанија, јасно напишано на столчето ќе им посочи на луѓето дека не треба да седат таму. Но, паметните дами ќе глумат дека ништо не разбираат, ќе се преправаат дека не зборуваат англиски или едноставно нема да попуштат и нема да ве пуштат на вашето место, само за да седат неколку реда поблиску до пистата.
Моделите се приглупи
Кога ќе ги замолите да се сликате, првин ќе направат 20 смешни изрази на лицето, ќе прават гримаси, ќе се „криват“, пред да се наместат за, од нив, очекуваната поза.
Моделите мораат да бидат подготвени на се
Една манекенка мораше да дозволи комплетно да и ги избелат вегите за ревијата на Џејсон Ву. Всушност, сите девојки мораа тоа да го направат. Не е убаво, ниту пријатно, но се е дел од работата. И испадите со плачење не помагаат.
Визажистите и фризерите/стилисти сакаат да користат чудни производи на нетрадиционални начини
Покрај тоа што со себе носат цел арсенал на сите можни производи, стручњаците за убавина секогаш имаат неколку бизарни трикови. Некои сакаат да користат крема за брадавици за лице и усни. Еден од стилистите од Редкен, периките ги попрска со автомобилски лак за трајност.
Косата и ноктите се лажни
Кај најголемиот дел од манекенките. Ако на моделите им е потребна исклучително долга или густа коса, или ако е потребен покомплициран маникир, периките и вештачките нокти се подготвени пред ревијата и се ставаат односно се залепуваат на манекенката пред да излезе на писта.
Кога ќе влезете во шаторите во Линколн Центарот се чувствувате прилично фенси и важни
Ова веројатно можевте и сами да го погодите, но она што не знаевте е дека...
...Шаторите не се гламурозни
Морате да чекорите низ оваа долга улица полна со бучни генератори, по ужасно студенило, неколку пати дневно, за да дојдете до случувањата во бекстејџ.
Исто така се смрди на измет
Буквално. Во бекстејџот се санитарски надворешни толети и не сум сигурна дека ги празнат додека трае модната недела, па до крајот на манифестацијата се ужасно мириса...
Папараците се луди!
Во Лос Анџелес папараците што опседнуваат можат да бидат вистински проблем, но тоа не е чест случај во Њујорк. Единствениот пат кога налетувам на река фотографи е токму модната недела. Тие се буткаат, одат еден преку друг за да „фатат“ висока русокоса девојка, а не знаат ни која е таа (а беше Петра Немцова)
Набљудувањето на славните е фасцинантно
Не можам да се сетам на многу други пригоди каде можете да се „дружите“ со многу познати луѓе и да ги набљудуваат што прават кога мислат дека никој не ги гледа. Некои постојано гледаат во својот мобилен, без да гледаат што се случува на модната писта, или се чепкаат по лицето...
Невозможно е да ја видите секоја ревија што сакате, дури и кога сте повикани
Според мојот распоред, се обидов да отидам на поголемиот број ревии, но јас сум само човек. Исто така, кога некоја ревија доцни, а тие се одржуваат на секој час, одењето од една во друга сала и добивање место на време е едноставно неизводливо.
Уредниците се третираат како кралеви
Помеѓу ревиите скокнав до Lux Laboratory на Роберт Верди, каде имаа неверојатен избор на храна и пијалаци, како и тони подароци, а исто така и ми ја средија косата, ме нашминкаа. Со што го заслужив тоа?
Плен!
Како учесник на модната недела, тие неколку дена можете да добиете навистина импресивни подароци. Од фармерки, производи за коса, картички за попуст, чевли, книги, чанти... неверојатно зар не?
Ако сте спремни да ги тестирате границите, ќе имате подобро искуство
Освен ако некој не каже „не“, одам во било која соба или место каде можам да влеза, затоа што знам дека постојат многу прекрасни работи кои можам да ги видам. Јас на пример, налетав на преубави фустани од Маркеза, со перли, три часа пред ревијата и успеав да ги разгледам одблиску и да ги допрам. Навистина неверојано.