Секоја сезона е време за Dr.Martens!

17 јуни 2013

Златната историја на чевлите препознатливи по жолтиот конец, меката кожа и воздушното амортизирање, е поврзана со поствоениот период во педесетите години, кога првата генерација тинејџери во знак на револт претендирала да биде различна од своите родители и тоа го искажувала преку животниот стил во кој незаменлив дел биле авангардните чизми.

Иноваторот чие име го носи овој бренд е Клаус Мартенс, лекар во германската војска за време на Втората Светска војна. Чизмите кои подоцна ќе достигнат планетарна популарност, д-р Мартенс ги изработил поради сосема практична причина - за време на неговата должност во војската ја повредил ногата поради што грубите војнички чизми му биле неудобни, па затоа ја искористир својата генијална идеја за воздушен амортизер интегриран во ѓонот на новите Dr.Martens.

Иако премиерното лансирање на “мартинсите” на пазарот не било многу славно и на почетокот биле прифатени и обожавани од ограничен круг на луѓе како панкерите и скинерите, историјата на овие чевли доживеа радикални промени. Денеска овој бренд е апсолутен светски моден хит и оригиналниот модел е модифициран во бројни различни варијанти од чизми во сјајни металик бои до дамски штикли. Неколку познати дизајнери како Вивиен Вествуд и Пол Смит создадоа и своја верзија на популарните чизми, а тие се омилено парче во гардероберите на познатите како Аврил Лавињ и Роберт Патинсон.

 

Објавено:
17 јуни 2013
Категорија: 
Стории
Тагови: 
накит чевли Dr.Martens