Серж Генсбур и Џејн Биркин: Синоним за боемска љубов од 70-те

18 октомври 2016

Се сакале, се расправале, оделе на забави кои траеле до утро, а нивната романса траела повеќе од десет години. Иако многумина ќе кажат за нив дека биле скандалозен пар, овој француски музичар и поет заедно со неговата муза ќе инспирираат генерации млади луѓе.
Во продолжение следуваат четири приказни од нивниот живот.

Тоа не било љубов на прв поглед

Биркин поминувала низ разводот со нејзиниот тогашен сопруг Џон Бери токму во периодот кога се на патување во Париз заедно со нејзината најстара ќерка Кејт, која трагично ќе загине пред три години паѓајќи од прозор. Иако не го знаела францускиот јазик, добива улога во филмот „Слоган" во режија на Пјер Гримбле. На тој сет го запознава Серж. Неговиот став кон Биркин на почетокот бил прилично негативен, дури помалку и запоставувачки, поради што Џејн ќе се пожали на својот брат велејќи му дека работи со грозен Французин кој ја иритира.

„Тој арогантен и помпезен сноб едноставно ме презира".

Кога се расправале знаел цел Париз

Двајцата биле со експлозивна енергија и јавните скандали биле честа појава во нивните животи. Во парискиот бар „Castel", наводно во една прилика се гаѓале со валкани алишта и храна, се бркале по булеварот Сен Жермен и на крај Биркин се фрлила во Сена. Расправијата завршила така што добро се насмеале и се вратиле дома.

"Je t'aime... moi non plus"

Оваа славна песна е напишана многу порано пред да ја сретне Биркин. Песната е посветена на Брижит Бардо. Tие заедно ќе ја снимат 1967, но таа верзија не е објавена со до 1986 година. Во меѓувреме тој ја снима песната со Џејн 1969 годинаи веднаш станува хит со тоа што ги освојува сите топ листи низ Европа, но поради воздишките на Биркин во некои земји ќе биде забранета.

Нивната љубов ќе трае цел живот

После десет години Биркин и Генсбур ја прекинуваат својата врска. Џејн повеќе не може да ја контролира неговата агресивност и алкохолизам. Се отселува го запознава режисерот Жак Дулон. Но, и после разделбата нивниот однос останува силен. Кога Биркин ќе остане трудна од режисерот , Серж ќе и испрати цела кутија детска облека, а подоцна ќе биде и кум на нејзината ќерка Лу. Тие ја имаат заедно Шарлот Генсбур, инаку муза на генијалниот Ларс Фон Триер. Ќе останат пријатели целиот свој живот и заедно ќе создаваат песни.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
790 пати