Муза за дизајнерите, колекционер, модел, дизајнер на накит, поим за стил и омилена меѓу Њујошката елита.
Но, она по што Тина Чоу засекогаш ќе остане запаметена е минимализмот, начинот на облекување кој таа го создаде, неодоливо го носеше и инспирираше цела војска на обожаватели и присвојувачи на оваа естетика.
Кејт Мос за неа ќе каже дека беше дама со ненадминат стил и нејзина лична инспирација, додека Карл Лагерфлед беше токму тој што ја нарече "пронаоѓач" на минимализмот.
View this post on Instagram
Чоу со својата кратка Етон фризура, едноставните парчиња и оригиналниот стил ја донесе европската софистицираност од нејзиниот кутуриер татко со германско потекло, спојувајќи ја со делитактните азиски карактеристики од нејзината Jапонка мајка.
Овој шармантен спој беше појдовна точка за сета нејзина допадливост.
Тина Чоу е родена во Охајо, 1950 година, како Бетина Луис Луц. На само 16 години таа беше откриена од една модна егенција во Токио и ангажирана како лице за козметичка кампања на брендот Shiseido.
View this post on Instagram
Оттука Чоу ја стартува и својата кариера во моделинг, па ќе чекори на модните писти за некои од најпознатите дизејнери како Ив Сан Лоран и Џорџо Армани.
Лагерфелд восхитен од нејзината убавина ја одбра да го затвори неговото прво Haute Couture шоу за Chanel.
Вредно е да се спомене дека нејзин најдобар пријател беше Маноло Бланик кој во тоа време ја стартуваше кариерата.
А Чоу за нејзините многубројни пара на чевли од дизајнерот велеше дека се нејзини драги пријатели.
Таа важеше и за еден од најголемите колекционери на ретки парчиња облека и редовно име на листата International Best Dressed уште од 1985.
View this post on Instagram
За неа диско гламурот не беше естетиката со која што се поистоветуваше Таа го преферираше чистиот и строг јапонски крој и американскиот поп израз што ги спојуваше машките и женските карактеристики во едно - класични кошули, фустани со флуиден крој и моќни костуми со строги линии.
Во јавноста печатот ја опишуваше како андрогена хероина преку ден и модна муза со еклектичен стил и доза на егзотичност преку ноќ.
Нејзиниот сопруг поседуваше ланец на ресторани каде Тина со задоволство ја вршеше улогата на хостеса-домаќинка. Таа беше и една од причините за огромната популарност на главниот ресторан во Њујорк.
View this post on Instagram
Тина беше посветена на сè што е убаво па затоа реши да влезе во индустријата со накит, дизајнирајќи уникатни парчиња кои и денес важат за модерни.
Карактеристично за нив е оригиналниот дизајн - сирови кристали со лековита моќ поставени во метална или бамбусова рамка.
View this post on Instagram
За жал неколку нејзини блиски пријатели ја губат битката со сидата, која косеше во 80-те, па тоа ќе ја натера да стане филантроп и да се посвети на борба против опасниот вирус.
Го прифаќа будизмот како религија, се повлекува од јавниот живот и се посветува на учењето на Далај Лама, со кој остварува и средба на Хималаите.
По разводот со сопругот поради афера со актерот Ричард Гир, Тина наоѓа утеха во Ким д'Естенвил кој за жал ќе ѝ го пренесе вирусот.
Но, наместо во тајност целата борба ќе ја изнесе на виделина и ќе стане првата жена што јавно говорела за личната битка со ХИВ.
Умира прерано на 41 година, оставајќи зад себе две деца и големо модно наследство.
View this post on Instagram