Не ретко колекциите на некои дизајнери во еден свој момент потсетуваат на некое фасцинантно уметничко дело. Густав Климт го препознаваме во рачно везени мотиви, Фрида Кало со својот импозантен свет на бои ја доживуваме на писта, а генијалната луцидност на Салвадор Дали е секогаш предизвик за нова уметничка форма. Во продолжение прочитајте за највлијателните уметници во модните приказни.
Салвадор Дали во светот на Скјапарели
Сензибилитетот на двајцата неприкосновани уметници Салвадор Дали и Елза Скјапарели е близок во однос на надреалистичните форми и визионерстките погледи. Скјапарели во епохата помеѓу двете светски војни била најголема конкуренција на Коко Шанел. Додека Шанел создавала едноставни кроеви во неутрална палета на бои, дизајните на Скјапарели биле гласни, експлозивни, со нагласени бои и надреалистични елементи токму како уметничките дела на Салвадор Дали.
Не постои поспоива комбинација од онаа помеѓу Дали и Скјапарели, како креаотори од различни светови кои ги соединило вонсериско чувство за уметност. Шапката-чевел и фустанот со принтови од Дали во негова верзија на солзите се историски артефакти во двата уметнички правци.
Енди Ворхол и Џани Версаче
Пролетната колекција на Џани Версаче за 1991 година внесе еден револуционерен предзнак во модниот израз. Поп-уметноста на Енди Ворхол беше отсликана на аутфитите на Версаче со принтови од најпопуларните икони од златната ера на Холивуд. Мерлин Монро и Џејмс Дин во комбинации од силни бои испринтани на свила и комбинирани во различни варијанти од тесни и кратки здолништа до лелеави фустани. Денеска поп-арт културата импементирана во модните дизајни е еден од најактуелни модни трендови.
Такаши Мураками за Луј Витон
Сигурно се сеќавате на колоритните принтови на чантите од Луј Витон? И оние со цреши и цвеќиња? Денеска тие се дел од богатите колекции модни додатоци на трендсетерките од калибарот на Париз Хилтон, благодарение на соработката помеѓу Луј Витон и брилијантниот уметник Такаши Мураками. Разиграниот имагинативен дизајн стана препознатлив печат на новата генерација.
Пит Мондријан за Сен Лоран
Во својата основа, модата е нослива уметност. Во колекција на Сен Лоран во 1965 година, дизајните беа инспирирани од авангардниот холандски уметник Пит Мондријан кој креираше во првата половина на 20-от век.
Палтетата во својата уметност тој ја редуцираше на пет бои: црна, бела, сина, жолта и црвена што е и негова препознатливост. Сен Лоран направи револуционерен чекор и неговата уметност ја трансформираше во фустани. Асиметичните кроеви и едносавните линии совршено се вклопија во модната слика на 60-те.