Нова колекција од Викторија Бекам

25 јуни 2015

Кога Викторија Бекам објави дека линијата Victoria Beckham Denim ќе ја обедини со Victoria, Victoria Beckham колекцијата, сите чекаа да видат каков ќе биде резултатот.

И новата колекција пристигна. Дизајнерката внесе боја и графички мотиви, а инспирацијата ја најде во циркусот и панаѓурите. Несвојствено и ново за неа.

-Victoriia, Victoria Beckham отсекогаш се рефлектирала врз другата страна на мојот гардеробер и оваа сезона се разви повеќе со интегрирање и на denim колекцијата. Ги споив за првпат. Се фокусирав на креирање парчиња кои се лесни за носење, но во кои истовремено ќе се чувствувате специјално. Постои и нота на забавност во колекцијата и возбудена сум да видам како оваа линија ќе продолжи да се развива, а верувам дека на крајот ќе прерасне во уникатна понуда за моите купувачи – вели Бекам.

Во продолжение ви го претставуваме најновото од оваа дизајнерка:

Објавено:
25 јуни 2015
Категорија: 
Колекции