Иако се пензионираше, Жизел Бундшен сè уште беше прва на листата на Форбс за најплатени модели и тоа далеку пред другите.

Нејзиниот одличен изглед успеа да го претвори во милиони долари, а сега смисли и нов начин како да заработи. Бразилскиот модел наскоро ќе издаде книга за неа, која ќе содржи околу 300 нејзини фотографии, вклучувајќи и неколку голи, а цената ќе изнесува неверојатни 700 долари.

Книгата, која ќе излезе во издаваштво на Taschen, е начин со кој сака да ја одбележи 20-годишнината од нејзината работа. Од издавачката куќа откриваат дека освен фотографии, книгата ќе содржи и изјави од нејзиното најблиско семејство и пријатели, како и соработници, кои ќе откријат како таа стана еден од најголемите модели на сите времиња. Исто така, ќе има делови во кои самата Бундшен споделува искуства и анегдоти.

Едицијата која треба да се појави во ноември ќе биде лимитирана, па само 1000 луѓе, веројатно нејзини најголеми обожаватели и соработници ќе си го дозволат луксузот да ја имаат оваа книга, со димензии 11х15.4, а насловната страна (за која е одбрана голата фотографија на Жизел со потпис на Ирвинг Пен) на секој примерок ќе го содржи и нејзиниот автограм.

На овој проект Жизел работела со Џовани Бјанко, кој исто така соработувал со Мадона и Версаче.

Објавено:
25 септември 2015
Категорија: 
Сцена