Свилените мантили се must have за оваа есен!

5 август 2016

По враќањето на свилените пижами кои девојките изминатиов период ги носеа во секојдневните комбинации, сосема нормално беше да се појави тренд што ќе ги наследи.

Бидејќи веќе почнавме да ги објавуваме хит трендовите за оваа есен, денеска ќе ве запознаеме со уште еден.

Имено, свилените мантили се очекува да бидат дел од секоја комбинација на тренди девојките во претстојната есенска сезона.

Она поради што тие ќе бидат едни од најобожуваните парчиња, е фактот што ќе додадат доза на елеганција во секоја ваша комбинација и ќе направат да изгледате навистина стилски.

Од она што можевме да го видиме досега, трендсетерките сакаат да ги носат со едноставни искинати фармерки и обична памучна маичка, со што целиот акцент се става на уникатноста на овие мантили или свилени кафтани.

Со истите не запознаа италијанските икони на уличниот стил Џорџа Тордини и Гилда Амбросио, кои ги создадоа овие шик мантили како дел од нивниот бренд.

Можете да ги носите за различни пригоди, иако на прв поглед можеби ќе ви изгледаат свечено и премногу елегантно, бидете храбри и без двоумење вметнете ги и во секојдневните стајлинзи.

Носете ги со секси високи потпетици за вечерните излегувања, а со рамни чевли за преку ден. Она што е плус кај овие парчиња, е тоа што со само еден ремен на половината истите стануваат долги фустани, па можете да ги носите и на некоја значајна свеченост во вид на кимоно.

Веруваме дека веќе имате доволно причини вашиот плакар оваа есен да го збогатите токму со едно вакво парче.

Извор: Journal.hr

Објавено:
5 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.326 пати