Најнеобичната писта на светот

14 август 2013

Поранешниот модел и водител на шоуто „America's next top model“, Тајра Бенкс кандидатите ги стави пред голем предизвик. Идните модели мораа да чекорат по писта која беше поставена долж висока зграда, иако некои имале и голем страв од висина.

Во 20-тата сезона од шоуто првпат се натпреваруваат и мажи и жени. Тајра Бенкс е веќе позната по тоа што кандидатите ги тера на големи предизвици, но се чини овој пат премногу ги исплаши.

Таа побара од натпреварувачите да чекорат по модна писта, поствена долж ѕидовите од висока зграда. Натпреварувачите беа врзани со професионална опрема која се користи во текот на снимањето на акциските филмови, но многумина од нив беа мошне исплашени.

И покрај околносите, сите натпреварувачи успеаја да прошетаат по оваа необична писта, а дел од нив толку се опуштија што дури и позираа.

pista 3

pista 2

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Сцена