10 трендови за убавина што ќе бидат хит во 2017!

23 јануари 2017

Иако можеби не сте голем обожавател на светките и сјајот во сите варијанти, ќе мора да се помирите со фактот дека токму тоа ќе биде еден од најголемите трендови во светот на убавината за 2017 – та година.

Заслужна за тоа е светски познатата мејк ап артистка Пет Меграт која неодамна претстави нов начин на шминкање на усните со многу сјај и светки.

Светките следнава година ќе ги носиме и како сенка на очите, како украси околу веѓите и на многу други начини.

И оваа година како и онаа што измина вистински хит ќе бидат неутралните нијанси на шминка, „неуредните“ начини на нанесување на кармин, како и долгата и куса рамна коса.

1.Долга коса

Веројатно веќе забележавте дека познатите дами во последно време сакаат екстремно долга и рамна коса, па воопшто не беше чудно што тоа многу брзо стана вистински тренд. Сосема спротивно на ова пак, кусата коса до рамена со шишки ќе биде подеднакво голем хит.

2.Усни со светки

Усните со светки ќе бидат вистински тренд кога станува збор за вечерните настани, а инспирација за тоа како можете да се нашминкате со светки секогаш можете да најдете кај единствената Пет Меграт.

3.Туш под капаците

Веројатно и вие сте една од оние девојки кои за вечерно излегување обожуваат да користат туш, но оваа година ќе го носиме малку поинаку, односно под капаците.

4.„Размачкани“ усни

Прецизно нанесениот кармин повеќе не е хит во светот на шминката. Оваа година, лесно размачканите усни се must have што девојките веќе го обожаваат.

5.Сјај на лицето

Наместо сувото руменило на кое се навикнавме, во 2017 повторно се враќаме на старите добри течни руменила кои правеа лицето да ни сјае и да биде неверојатно свежо.

6.Бранови во косата

Брановите во косата секогаш се во тренд, а девојките ги обожаваат бидејќи се лесни и едноставни за правење, дури и во домашни услови.

7.Дебели веѓи

Иако многумина ќе кажат дека им здодеа трендот што Кара Делевињ го започна пред неколку години со нејзините природно густи веѓи, девојките и оваа година продолжуваат да го бараат нејзиниот изглед.

8.Стробинг со светки

Популарната техника што го замени контурирањето оваа година наместо по сјајното руменило ќе биде позната по светките на образите и очните капаци.

9.Шминка на телото

Доколку редовно ги следите модните случувања и трендови, веројатно веќе видовте дека некои од дизајнерите ги обоија ушите на манекенките со што создадоа нов тренд, кој иако помалку чуден, сепак светот добро го прифати.

10.Пастелни бои за коса

Ако сакавте да направите некоја драстична промена периодов, тогаш пастелните нијанси за коса се вистинската работа за вас одобрени од многу девојки во светот.

Објавено:
23 јануари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.910 пати