Ќерката на Карин Ројтфелд е зависничка од мода

29 август 2013

„Зависна сум од онлајн купување“, призна ќерката на познатата уредничка Карин Ројтфелд, Јулија. За неа не постои никакво ниту временско ниту просторно ограничување.

Но, не може да се каже дека е изненадување, особено имајќи ги предвид гините што ги носи. Големо влијание врз нејзиното пазарување извршила и мајка и Карин, нагалсувајќи ја важнноста на сопствениот стил, она што те обележува, а не купување на нешто што е минлив тренд.

Таа исто така признава дека да се има мајка стилист не е лесно.

„Кога бевме мали, дозволено ни беше да јадеме само сладолед од ванила, никогаш чоколадо или овошни вкусови, за да не ги извалкаме алиштата. Исто така, никогаш не не облекуваше во брендирана облека, затоа што не сакаше да бидеме одредени од било кој бренд. Иронично, но вистинито!“, вели Јулија.

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Сцена