Дизајнерката Кејт Спејд пронајдена мртва во нејзиниот стан

6 јуни 2018

Познатата дизајнерка Кејт Спејд која се прослави со нејзината линија чанти во доцните 90 – ти, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк.

Нејзината сестра објаснува дека таа долго време страдала од биполарно растројство за кое ќе каже дека не ја добила соодветната и потребна нега.

Таа објаснува дека дизајнерката имала психички проблеми, а била опседната и со смртта на актерот Робин Вилијамс кој исто така се обеси во 2014 – тата година.

Дизајнерката (55) била пронајдена од жената што се грижела за станот, обесена со марама, а до неа порака за нејзината ќерка во која и напишала дека секогаш ќе ја сака.

Таа долго време одбивала да се лечи, со објаснување дека тоа би можело да му штети на нејзиниот бренд чие име го градела долги години.

„Кејт никогаш не очекуваше дека нејзиниот бренд ќе стане толку популарен. Не знаеше како да се избори со тоа, а успехот само ја влоши нејзината состојба. Откако пробав да и помогнам на сите можни начини, се откажав. Не ни помислував дека може да се самоубие, се до пред некоја вечер кога ме замоли да присуствувам на нејзиниот погреб, иако знае дека ги мразам. Знаев дека има некој план, но таа успеа да ме разубеди“, изјави за Дејли Мејл нејзината сестра.

Дизајнерката со сопругот, Енди Спејд

Нејзиното семејство побара од јавноста да ја почитуваат нивната приватност во овие моменти и да ги остават да се збогуваат со неа како што треба.

Инаку, дизајнерката најголемата слава ја доживеа во 90 – тите години кога нејзината линија шик чанти се продаде експресно и за кратко време стана една од најпродаваните линии. Во 2006, таа ги продаде акциите од нејзината компанија и се посвети на воспитување на нејзината ќерка.

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
604 пати