Веројатно не постои човек на светот кој не слушнал за култните чизми Dr.Martens кои и денеска важат за едни од најобожуваните и најстилските било кога направени.
Доколку есенва планиравте да ја подновите вашата колекција чизми, тогаш Dr.Martens со светки се нешто што мора да го имате.
Истите дефинитивно ќе бидат вистински хит и дел од колекциите на блогерките ширум светот, заедно со едноставни фармерки и маичка, па дури и некој романтичен фустан.
Овие чизми се дел од комбинациите на момците и девојките ширум светот уште од далечната 1947 – ма година, а важат за едни од најиздржливите и најстилските.
Во 70 – тите години тие се повруваат за панк културата, додека во 80 – тите станаа неизбежен дел од лежерните комбинации на тинејџерите.
Она по што се препознатливи е жолтиот конец сошиен преку гумата на долниот дел од обувките, а и по тоа што важат за супер кул обувки за сите генерации.
Како ви се допаѓа нивниот нов модел?
Извор и фото: Modamo.info