Тренд аларм: Лежерен фустан со копчиња и впечатлив ремен
•
13 септември 2018
Денешниот тренд аларм им го посветуваме на лежерните фустани и на топлото лето кое не сакаме да заврши.
Ова шармантно фустанче со црвено – бели пруги е задолжително за летото и преодната сезона кога можете да го носите со едноставно џемперче или тексас јакна која е омилено есенско парче.
Без двоумење, комбинирајте го и со бели патики или пак потпетици доколку пред вас е некоја деловна средба.
Фустанчето има и впечатлив ремен во пруги кој дополнително ќе ја нагласи вашата половина и ќе направи да изгледате уште поубаво.
Овој модел и слични вакви можете да најдете во продавниците на Манго.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Фустан: Манго
Стајлинг: Fashionel
Модел: Анастасија Василевска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука