Петок во класична црна комбинација
•
26 октомври 2018
Последниот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури, па време е добро да се облечеме, но сепак да бидеме стилски.
Денеска носиме една класична комбинација составена од претежно црни парчиња, составена од едноставни црни панталони и црно топло џемперче.
Одозгора, комбинацијата надополнете ја со едноставно кафено капутче и ниски црни чевли кои сè уште можеме да ги носиме.
Црната чанта денеска ни е единствено потребна од модни додатоци, а доколку сакате, комбинацијата надополнете ја со црни очила за сонце и некоја стилска шапка.
Фото: Пинтерест