Момче тајно испланирало совршена венчавка со помош на профилот на Pinterest на неговата девојка

4 октомври 2013

Неверојатно романтично момче тајно ја испланирало совршената венчавка и сето тоа со помош на профилот на неговата девојка на Pinterest.

Шармантниот Рајан Лик, 27, и приредил неверојатно изненадување на својата девојка Аманда, 25, кога покрај тоа што ја побарал за жена, во истиот ден ја организирал и самата венчавка.

Тој пред околу една година ја слушнал својата девојка како и кажува на нејзината најдобра пријателка дека сон и е нејзиното момче да ја побара за жена и да ја направат венчавката во ист ден.

Во истиот момент, Рајан се одлучил да и го оствари сонот на неговата девојка и да и ја организира нејзината совршена венчавка.

Во тоа многу му помогнал нејзиниот профил на Pinterest, каде таа претходно имала поставено цела една „табла“ со фотографии од тоа како си ја замислува нејзината совршена венчавка.

Токму тие фотографии му помогнале на Рајан да го одбере совршеното цвеќе, нејзиниот фустан од соништата, како и сите декорации за салата.

Рајан го испланирал целиот ден, и потоа ги поканил пријателите и семејството на точното место каде требало да се одржи венчавката. Тогаш тој ја однел Аманда на местото, велејќи и дека ќе заминат на мал одмор.

„Аманда всушност си ја испланира целата венчавка без да знае таа. Јас ги одбрав сите работи што таа ги сакаше следејќи го нејзиниот профил и се надевам дека ја направив среќна“, вели Рајан.

Аманда се уште во неверување, со огромна среќа раскажува за 7 јуни.

„Кога ја отворив вратата и ги видов сите што ги сакам, едноставно не можев да поверувам. Чувството беше прекрасно, се почувствував толку исполнета“, вели Аманда.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Бела соба