Убавата Италија низ фотографии

6 мај 2022

Сите убавини на Италија собрани на едно место: на Инстаграм профилот @ blogsognoitaliano.

Доколку ова лето сакате да организирате туристичка авантура низ секогаш убавата Италија, веројатно за „туристичката мапа" ќе ви помогне овој профил полн со фотографии од различни места.

Покрај егзотичните фотографии, која од која попривлечна, интересно е и тоа што на овој профил се споделени и интересни информации и приказни за самите туристички места, со цел уште повеќе да го заинтригира вашиот авантуристички дух.

Ќе наидете на фотографии од веќе познати туристички дестинации како Венеција, Верона или Фиренца, но покрај нив ќе се запознаете и со не толку „звучни" места, мали романтични селца кои нудат единствени туристички искуства, убава храна и вино, интересна архителтура за истражување...

Каде ќе ве водат патиштата ова лето?

 

 

Објавено:
6 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
982 пати