Доза модни идеи за секојдневни комбинации од босанската блогерка Ирис Пејковиќ

17 август 2022

Модната блогерка Ирис Пејковиќ, која живее и работи како професор во Мостар, Босна и Херцеговина, а неодамна наполни 40 години, на наједноставен начин го доловува моментот како модата директно го одразува нашиот личен животен стил.

Во комбинациите што таа редовно ги објавува на својот Инстаграм профил, како личен визуелен дневник на нејзиното секојдневие, веројатно ќе се пронајдат голем дел од жените кои се максимално ангажирани во текот на денот, а се вљубенички во модата.

Тоа подразбира стил во кој лежерниот и пријатен изглед е во хармонија со елегантната и женствена естетика, токму таква каква што Ирис преферира.

А со тоа, таа е инспиративен лик во кој може да пронајдете реална инспирација и на својствен начин да го интерпретирате тоа што таа го носи.

Нејзината летна стилска разгледница е исполнета со романтични ноти и непретенциозна женственост прошарани најчесто со суптилни нијанси, но и со смели дезени и принтови или модни акценти во интензивни бои.

Секогаш со задоволство се навраќаме на нејзиниот Инстаграм профил и без исклучок си пронаоѓаме барем по некоја комбинација која  би ја носеле.

Затоа, ја издвојуваме како предлог што ќе ви открие нови идеи како да му дадете стилска завршница на ова лето.

Објавено:
17 август 2022
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
931 пати