Четири совети од модната икона Ирис Апфел

7 ноември 2013

Градењето на сопствениот стил Ирис го започнува уште како мало девојче кога решила да создава модни додатоци, а секој четврток порано ги напуштала часовите и заминувала во различни делови од Њујорк за да ги разгледува  богатите продажни салони .

Покрај аксесоарите, Ирис создаде и своја колекција шминки за MAC , а бидејќи е голем колекционер на разни детали кои биле задолжителни за целокупниот изглед, сметаме дека токму Ирис е вистинската личност која може да сподели совети за тоа како една личност да го пронајде сопствениот стил.

Според неа најважни се четири работи, а тоа се:

1. Доколку доволно се познавате себе си тогаш секако знаете во какви парчиња облека се чувствувате најудобно. Модната полиција нема да ве сопре доколку сте поинаков од другите бидејќи најважно е да сте среќни во тоа што го носите.

2. Секогаш сум заинтересирана за нови предизвици. Обожавам да купам парчиња облека или модни додатоци за кои не знам многу, но доколку ми се допадне како изгледаат на мене, тогаш го заслужуваат целото мое внимание. Не бидете ограничени, експериментирајте со стилот додека не го пронајдете вистинскиот за вас.

3. Луѓето многу често знаат да кажат дека  им се допаѓа како некои парчиња го одразуваат нивниот стил. Јас не живеам планирано бидејќи на тој начин не можам да уживам ниту пак да посветам доволно внимание на тоа што навистина ме интересира. Најважно за стилот е да го слушате внатрешниот глас и да не се грижите за тоа што ќе кажат другите за вас.

4. На секого одлично би му стоело сако од Шанел, но тоа не значи дека сите работи може подеднакво убаво да стојат на сите луѓе. Истото се однесува и за боите. Треба да знаете точно што ви одговара, а сепак да не изгледате како накитена елка. Доколку е нешто тренди, а сепак не ви стои убаво не го купувајте. Стилот не се создава по секоја цена, туку е начин да бидете уникатни а не нечија копија.

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам