Импресивна модна изложба на ЕЛЕНА ЛУКА која му даде ексклузивитет на Виенскиот бал во Скопје

14 мај 2023

Модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, како долгогодишен пријател и поддржувач, му даде ексклузивност на овогодинешниот Виенски бал, не само преку модниот избор на голем број присутни дами кои на себе носеа величествени тоалети од брендот, туку и со екстравагантна модна изложба која беше во фокусот на вниманието.

На изложбата пред присутните гости беа презентирани десетина ексклузивни авангардни модни дизајни со потписот на ЕЛЕНА ЛУКА, вклучително и луксузни тоалети и гламурозни венчаници.
Агендата на манифестацијата на овој начин доби импресивна модна нота, со првата модна изложба од ваков калибар некогаш организирана во рамки на настанот, што предизвика воодушевување кај присутните гости.

Низ ретроспективно навраќање на неколку ексклузивни колекции на брендот, концептот на изложбата вклучува естетски различни, но подеднакво гламурозни изданија кои се на ниво на уметнички дела и токму тој сегмент е она што и дава исклучителна вредност и значење на оваа поставка.

г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА

„Сметам дека Виенскиот бал во Скопје е една соодветна и идеална прилика, каде преку концепт на модна изложба низ духот на долгогодишната традиција на манифестацијата, им ја презентираме на присутните гости нашата автентичност и препознатливост како моден бренд, а тоа е најврвното ниво на модниот дизајн дефинирано преку избор на лускзуни и уникатни свечени тоалети. Профилот на самиот настан и пропишаниот дрес-код кој во однос на дамите се однесува исклучиво на свечени макси тоалети и целиот негов гламурозен дух, се во суштина блиски до нашиот сензибилитет како моден бренд со идентитет кој е базиран на најпрефинета мода, врвен дизајн и ултра авангарна естетика. Така се одлучивме да ја поставиме ексклузивната модна изложба во рамки на настанот и сметам дека го направивме вистинскиот чекор со оглед на воодушевувачките и позитивни реакции на гостите. Чест ми е што сме значаен и уникатен дел од програмата на годинешниот Виенски бал", изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Во амбиент на вонвременската класична музика и атмосфера проткаена во духот на Виена, модната изложба на ЕЛЕНА ЛУКА беше врвно модно доживување кое му даде посебна ексклузивна нота на годинешниот Виенски бал, а присутните гости не го криеја воодушевувњето од оваа уникатна модна поставка.

 

Објавено:
14 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
826 пати