Сите комбинации на Лупита Нјонг: Новата „ит“ девојка со поинаков стил

15 јануари 2014

Постојат млади актерки кои со само една улога во некој блокбастер, инстантно стануваат миленички на модната индустрија.

Токму таков е случајот со прекрасната Кенијка Лупита Нјонг која своето деби го имаше во одличниот „12 години роб“ каде ја толкуваше улогата на Парси.

Во секое нејзино појавување, таа постојано не изненадува со одличните комбинации што ги прави во кои изгледа навистина беспрекорно.

Според многумина, прекрасната Лупита ќе биде златната „ит“ девојка на 2014 – тата година. Дека тоа ќе биде вистина, таа ни покажа и со нејзиниот одличен избор на тоалета од колекцијата на Ралф Лорен за доделувањето на „Златните глобуси“.

30 – годишната актерка навистина блескаше во долгата тоалета со интересен горен дел во прекрасна црвена боја што сите ги остави без здив.

Покрај овој одличен избор, актерката ни покажа дека навистина знае да избере одлични парчиња. Токму тоа беспрекорно чувство за мода и донесе неколку фотосесии и насловни страници за некои од светските магазини како W, DuJour и Dazed and Confused. Таа сними и кампања за модната куќа Miu Miu во која изгледаше навистина совршено.

Во продолжение погледнете некои од најдобрите стајлинзи на одличната актерка со неодоливо чувство за мода и стил сосема поинаков од сите други.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија