модна икона

Ајрис Апфел: Бидете среќни - не шик

Интервју со
Ајрис Апфел
2 април 2014

На нејзиниот 93-ти роденден, кој ќе биде за неполни шест месеци, добро познатата Ајрис Апфел ќе продава преку 800 модни додатоци и винтиџ предмети, мебел од нејзиниот дом, а тоа ќе се одвива преку онлајн продавницата One Kings Lane. Таа е познат вљубеник во витиџ парчињата и предмените, па одвојувањето од некои од нив, воопшто не било едноставно.

Освен што долги години работела како моден дизајнер и дизајнер на ентериер, таа е и страствен патувач, кој од секое место бара естетика која ќе ја донесе до инспирација, а притоа има место во нејзиниот дом. Така, имајќи предвид дека има добар стил, несосмено дека за многумина ќе биде интересно тоа што таа одлучи да се збогува со дел од работите што го сочинуваат нејзиниот живот.

-Сакам да се ослободам од моите работи. Сакам да си „одат“ за на сите да им биде полесно - вели Апфел низ смеа.

Самата на шега се нарекува „геријатриска старлета“, а токму оваа нејзина одлука беше убав повод за интервју во Elle Decor, чии извадоци ви пренесуваме во продолжение:

Кој е вашиот совет за пронаоѓање на вредни работи во морето на пазари и продавници?

-Знам што јас би барала, но на повеќето луѓе не би им се допаднало тоа. Барајте нешта кои ви се допаѓаат. Ако купите нешто во што не се чувствувате удобно, или не ви се допаѓа да го имате, тогаш тоа не е за вас. Секогаш им велам на сите дека како да се биде облечен или како ќе ви биде уредено дома е избор. Ако тоа ви предизвикува многу стрес, тогаш не се оптоварувајте со тоа. Подобро бидете среќни, отколу шик. Само треба да се опуштите.

Кога од One Kings Lane го „исчистија“ вашиот гардеровер, се соочивте ли со работи кои сте заборавиле дека ги поседувате?

-Апсолутно! Имаше многу работи на кои сосема сум заборавила. Па не можам да паметам се! А некои работи дури се и неотпакувани.

Со кое парче мебел никогаш нема да се разделите?

-Со многу нешта! Има неколку работи со кои се збогувам со тешко срце. Но, како  да е, си земав неколку парчиња за мојата куќа во Палм Бич.

Дали и Вашиот сопруг ужива во „ловењето“ на уникатни предмети исто како и Вие?

-Ние сме во брак 66 години. Тоа е долго време. На почетокот на бракот, тој сакаше се' ново. Се згрозуваше дури и ако поминевме покрај антикварница. Велеше: „Не сакам да влегувам внатре! Не сакам ничии стари неволји!“. Но, кога еднаш сепак се запозна со тој свет, почна да го засакува.

Ангажирани сте на многу различни проекти, ви се допаѓа ли тоа што постојано сте зафатени?

-Има денови кога се чувствувам избезумено! Како денес. Требаше да им дадам на луѓето од MAC козметика изјава, но мојот телефон се расипа, па го „украдов“ телефонот на мажот ми. Им се јавив повторно, но безуспешно, сега тие се обидуваат да ме добијат повторно, а јас сум на сред снимање!

Изгледа како да Ви треба асистент. Помислувате ли дека сега сте позафатени, отколку во 1990-тите?

-Никогаш не престанав да работам, но никогаш не ни сонував дека ќе бидам „гериатриска старлета“ (се смее). Понекогаш знам да се пожалам, но секоја ноќ сум благодарна дека и на 93 години речиси ме бараат за многу работи, за насловни страници на магазини и ред други ангажмани. Сум била на насловната страница на секој европски магазин на кој можете да се сетите, како и на блогови и телевизиски шоу-а.

Работевте и како моден дизајнер и како дизајнер на ентериер. Која ви е поголема страст?

-Сосема ми се еднакви.

Велите дека не ги следите трендовите воопшто. Навистина ли е така?

-Работите се или добри или не. Или ви прилегаат или не. Во одреден временски период некои бои и кроеви се одлични, но во друг изгледаат смешно. Никогаш не сум купила нешто затоа што било „ин“ или „must have“. Купувам тоа што ме прави среќна.

Што точно значи да се биде шик?

-Тоа е голема дискусија...Сепак заклучокот е, за жал дека повеќето луѓе не се шик. Мора да знете кои сте и мора да ви е удобно во сопствената кожа. Едноставно тоа мора да го имате.

Како луѓето да навлезат во нивната индивидуалност, оригиналност?

-Самоистражувањето е многу болно, но доколку не го направите, никогаш нема да знаете кои сте или кои сакате да бидете. Луѓето сакаат резултати без да направат ништо. Нема да дознаете кои сте доколку не работите на случајот. А оттаму произлегуваат и сите други креативни нешта.

Објавено:
2 април 2014
bool(false)