SFW: Третиот ден во знакот на странските дизајнери

25 април 2014

Со креативната работилница на која се дебатираше на тема бизнис и иновација во модната индустрија, вчера беше одржан третиот ден од српската недела на дизајнот, за потоа да продолжи со претставувањето на шест модни шоуа на дизајнери од Босна и Херцеговина, Унгарија, Белорусија, двајца од Србија и ревијата на нашата дизајнерка Росица Мршиќ. Белорусинот Andrey Varashkevich, ја презентираше својата еклектична замисла за тековната сезона пролет-лето 2014 година, а колекцијата беше претежно изработена од лесни и лелеави тетстури во силни бои од  кои пак,  фокусот го имаа необично споените цветни и животниски принтови.

Andrey Varashkevich Andrey Varashkevich

 

Со инспирација од индиското  сари, како и мотиви од кинеското кимоно, дизајнерката Амела Рада од Босна и Херцеговина, на почетокот од ревијата пред српската публика понуди макси фустани од лесни и сјајни материјали во шеќерни нијанси, за подоцна колекцијата да кулминира со миди и макси фустани во бохо стил на кои централен фокус имаа посилните  бои од  пејсажните принтови.

Amela Radan Amela Radan

 

Во агендата од третата ден  на  интернационална вечер, стоеше и името на дизајнерката Росица Мршиќ, која пред тамошната публика ја презентираше колекцијата пролет-лето 2014 година, што неодамна имавме можност да ја погледнеме на завршетокот од деветтата сезона на скопската модна недела.

Р.Мршиќ Р.Мршиќ

 

Српскиот моден викенд ќе трае  до утре, а дотогаш ќе бидат претставени уште 6 модни ревии, а за крај ќе бидат доделени и модните награди за најдобрите.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Колекции