Тоа што имате некој килограм повеќе и сте крупни, не значи дека не можете да носите фустан. Шопингот на ова парче некогаш може да биде макотрпен, особено ако ви е потребен шик избор за некое случување. Пред да тргнете во потрага, а и генерално, морате да научите да си го сакате телото и облините, без разлика дали ќе успеете да го најдете тоа што го замислувате.
Во продолжение ви предлагаме неколку типа на фустани што би можеле да ви ја олеснат потрагата за оваа сезона.
Фустаните во ретро изглед се добар избор. Имено, жените во 1950-тите и 1960-тите уживале во покажувањето на облините . Цветниот принт, плисето и отвор што го нагласува вратот ќе ви овоможат да го истакнете најдоброто. Ваков тип на фустан е добар избор доколку сте гостин на летна венчавка или пак летни забави.
За еден фустан да и прилега на жена со повеќе килограми, најдобро е материјалите да бидат лелеави и пријатни за носење. Тоа не значи дека треба да бидат широки. Напротив. Нека ја следат линијата на телото, но нека паѓаат слободно. Исто така, не важи правилото дека мора да се еднобојни. Убаво срочените дезени можат да бидат далеку подобар избор отколку еднобојните материјали.
Во гардероберот на секоја жена е потребен едноставен фустан, кој ќе биде одличен за дневни комбинации, за на работа, а со соодветни аксесоари, ќе биде совршен избор и за вечерни излегувања. Должината до колена е соодветна и за двете варијанти. Исто така, тенок ремен е одличен моден додаток за да ја истакнете половината.
Ова е фустан кој на убав начин ги нагласува облините, а и ќе се чувствувате секси во него.Високиот струк и тантелата во горниот дел ќе ви даде пропорционален изглед. Тоа значи дека со ваков тип на модел ќе ги сокриете недостатоците, а ќе го истакнете сето она што е добро. Ова е еден од задолжителните „мали, црни фустани“.
Уште еден модел што му ласка на телото со облини е фустан на едно рамо. За посвечена варијанта можете да одберете и должина над колена, а се препорачува фустанот да биде од шифон, за да може лесно да паѓа. Кога носите ваков модел на фустан, нема потреба да носите ѓердан, доволни се обетки, или пак никакви аксесоари.
Уште еден пролетен предлог. Фустан до колена со цветен принт ви дава свеж, а истовремено и елегантен изглед. Одличен избор за посебни пригоди, каде токму овие карактеристики треба да се во прв план.
За сите оние што се чувствуваат несигурно поради своите нозе, макси фустаните се супер избор. Исто така, тие се едни од трендовските парчиња за сезона пролет-лето. Лесни, практични, а сепак модерни и убави и што е најважно соодветствуваат на сите типови на тело.
За дамите кои имаат изразен граден кош, изразот на деколтето на V е совршен израз. Во комбинација со дезениран материјал, чевли на високи потпетици или плута, ова е супер комбинација за топлите денови.
Уште една варијанта на макси фустан, со благи, широки карнери и свежи бои. Ова е одличен избор за на плажа или лежерни летни прошетки.