Hello Kitty прославува 40 години

18 јули 2014

Легендарната мачка Hello Kitty, се подготвува за 40-от роденден. Веселото бело маче со розова пантелка на уво се создаде во 1974, од пенкалото на дизајнерката Јуко Шимизу, која со нив го украсила паричникот.

Од тогаш нејзиниот лик може да се најде на безброј предмети, од чанти, преку облека до спортски реквизити. Инаку, Hello Kitty е главен производ на компанијата „Санрио“, во која од 1980-тата година за овој лик се грижи цел тим предводен од Јуко Јамагучи. Дека ова маче е полн погодок говори и фактот дека компанијата со продажбата на овој бренд на годишно ниво прави обрт од пет милијарди долари.

Јуко Јамагучи Јуко Јамагучи

- Денес веќе постојат три генерации обожаватели на Hello Kitty и се надевам дека во иднина ќе бидат и повеќе - вели Јамагучи.

Брендот ќе го прослави 40-от роденден со неколку манифестации меѓу кои и  конвенција за фановите, прв ваков собир, што ќе биде одржан кон крајот на октомври во Лос Анџелес.

Исто така, ќе биде организирана и специјална изложба на која ќе бидат претставени предмети со веќе добропознатиот мотив, а кои настанале во соработка со многу познати компании ширум светот.

-Секојдневно се појавуваат нови цртани ликови... Но, сметам дека Hello Kitty е единствениот кој може да се адаптира на промените во светот - вели Јамагучи.

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Актуел