Македонските дизајнери продолжуваат да редат успеси во странство!

4 септември 2014

Македонските дизајнери кои се ултра успешни надвор од нашите граници, очигледно не мируваат! Откако пред некој ден ве информиравме за нивните досегашни успеси и светските ѕвезди што ги обожуваат нивните дизајни, уникатниот Тони Матичевски повторно нѐ изненадува.

Еден од неговите најубави и најобожувани фустани од колекцијата пролет/лето 2014 – 2015 година гламурозно наречен „Sanctuary gown“, можевме да го забележиме кај прекрасната австралијанска пејачка Рики Ли која изгледаше навистина прекрасно на годинешното издание на Sidney Spring Carnival.

Овој настан важи за еден од најгламурозните во Австралија со кој секоја година кон почетокот на пролетта се означува и стартот на тамошните трки со коњи.

Прекрасната Рики е една од најпознатите млади пејачки во Австралија, а моментално се подготвува за новата сезона на тамошното издание на Dancing with the Stars и турнејата со американскиот пејач Џејсон Деруло.

Назад во Мај, прекрасната и сексапилна манекенка Никол Трунфио се појави во истиот фустан на Матичевски на поло натпревар во Сиднеј. Исто како и Рики, и таа изгледаше како неверојатно софистицирана и елегантна дама во стилот на единствената Одри Хепберн со голема кафена шапка и потпетици во беж боја.

Последната во низата светски ѕвезди што обожуваат да ги носат креациите на Матичевски, беше старлетата Ким Кардашијан која за еден од нејзините дневни изгледи е одлучи за прекрасно, розово здолниште со длабок шлиц од колекцијата на дизајнерот.

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Актуел