Што да облечете на најлудата ноќ во годината?

26 декември 2014

Без разлика дали новогодишната ноќ ќе ја дочекате на некоја забава, дружба со пријателите некаде надвор од земјата, свечена вечера или во домашна атмосфера, сигурно сте преоптоварувате со култното прашање што секоја дама си го поставува: Што да облечете?

Светкавите фустани влегуваат секогаш во комбинација, дури и луксузните блејзери украсени со циркони и блескави камења и апликации, мини здолништата, елегантните кадифени наметки и кожните комбинезони во комбинација со гламурозна шминка и модни додатоци со кои ќе го финиширате целиот изглед.

Но наместо да биде така и да личите како накитена елка, а притоа да не потрошите голема сума на пари, можете да го одберете вашиот омилен фустан и да го освежите со комбинирање на модерни детали и аксесоари.

Дури и холивудските диви се водат од старата добра модна изрека дека : Помалку е повеќе па во своите јавни настапи одамна ги исклучија светкавите материјали и се одлучуваат за едноставни модни парчиња во кои ќе изгледаат убаво но ќе се чувствуваат и комотно. Дадете му живот и свежина на вашето омилено фустанче или кошула надоградете го со нов модел на обетки или впечатлив ѓердан и поминете си незаборавно на најлудата ноќ во годината.

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Тренд