Бизнис колекција: Една комбинација - три различни пригоди!

11 декември 2014

Пастелните нијанси се вистински синоним за нежност, софистицираност и женственост, а токму овие епитети ги поседува и денешната, прекрасна бизниз комбинација на модната куќа Елена Лука. Комбинацијата од брокатно здолниште во пастелно розова боја и нежната кошула со само неколку клучни додатоци, можете да ја носите во три различни пригоди!

- Онаа првата што сакаме да ви ја предложиме денеска е составена од брокатно здолниште до колена кое во пределот на половината има превртена форма што му овозможува неодолив дизајнерски печат. Здолништето го комбинираме со кошула од високо квалитетен жоржет во посветла нијанса. Оваа комбинација е совршена за коктел забава или пак деловна вечера! Бисерите како детаљ се одлична можност да го надополните вашиот целосен изглед.

- На основната комбинација, и додаваме елегатно палто во иста боја што и создава на комбинацијата неверојатна елегантна нота. Платото ја следи линијата на телото, а во пределот на јаката има интересно и впечатливо превртување. Оваа комбинација е одлична можност да изгледате впечатливо и модерно во  канцеларија, но и на ручек со вашите пријателки!

- Третата комбинација е полежерна во однос на првите две. Овде здолништето е комбинирано со бела памучна кошула и кардиган во сива боја, што во пределот на јаката има превртувања и украсни копчиња како детаљ. Кардиганот можете едноставно да го наметнете врз кошулата и да уживате во попладневната прошетка со вашиот сакан. Оваа комбинација е одлична можност да изгледате лежерно, а истовремено и модерно.

Објавено:
11 декември 2014
Категорија: 
Без категорија