Не дозволувајте времето да ви го расипе расположението и да ви ја уништи модната фантазија. Напротив, модната куќа Елена Лука со денешниот предлог стајлинг повторно ќе направи да бидете кралица која ќе ги собира сите погледи и воздишки.
Станува збор за тоалета изработена од високо квалитетен принтан сатен. Цветовите, утврдивме дека се тренд за оваа сезона, па затоа и апликацијата на долгиот фустан е претставена со букети од цветови кои градираат во виолетово-сиви нијанси. За да се нагласи деколтето, моделот во горниот дел има вметнато транспарентно парче мрежа од шармес, а во делот под градите е корсетиран. За да се нагласи половината, структурата на појасот е стегната со фалти и набори кои креираат оптичка илузија на странични џебови, што на композицијата и дава нота на спортска елеганција. Како оди надоле креацијата од колковите продолжува благо да се шири во форма на А-крој.
Храброста е одлика на жените кои имаат самодоверба и кои се свесни за сексапилот што го носат во себе. Дозволете Елена Лука да ги препознае вашите квалитети и да ја изработи креацијата од вашите соништа.