Забавите покрај плажа се мошне актуелни периодов. За да го нагласите вашиот бронзен тен и идеална фигура, модниот тим на Елена Лука за денес ви подготви специјален романтичен аутфит кој совршено ќе се вклопи во вашите вечерни „лудории“ на плажа.

Станува збор за долг бел фустан изработен од жоржет кој ќе направи да се чувствувате пријатно, удобно и посакувано. Кројот на моделот е во мулаж техника, која кулминира со странична рачна апликација од тантела во златна и црна нијанса на едното рамо. Впечатливоста на композицијата е нагласена со предниот шлиц кој дискретно ја потенцира вашата провокативност и  нежно деколте во V-израз кое прави да изгледате префинето и секси. Ако светот им припаѓа на храбрите, тогаш и вие бидете смели во креирањето на вашиот стил. Дозволете во тоа да ви помогне модната куќа Елена Лука.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Без категорија