На средината од оваа работна недела исполнета со многу сонце и позитивни вибрации, доколку единствениот проблем кој го имате е комбинирањето на изгледот во текот на ноќта резервирана за свечености, тогаш дозволете модната куќа Елена Лука да ви помогне во тоа.
Елегантна тоалета во пастелно розово- црна нијанса е идеалната за нагласување на вашиот шарм и женственост. Фустанот од основата е изработен од памучен сатен врз кој пак е надополнето со црна тантела која доаѓа во преден план. Кројот прецизно се движи по силуетата, а во долниот дел лелеаво паѓа по должината. Композицијата во пределот кај градите целосно е во знакот на гламурот, декорирана со ситна розова монистра.
Бидете секогаш во центарот на случувањето и пленете со вашата појава.