Доколку едниственото нешто што ви недостасува за комплетен новогодишен амбиент се празничните подароци, Fashionel заедно со своите пријатели направи една богата листа која сигурно ќе ве инспирира какви изненадувања да подготвите за вашите најсакани.
Подарокот под елка сигурно ќе измами искрени и бесценети насмевки, затоа вреди да се потрудите со малку имагинација и креативност да ги завиткате “новогодишните желби“ во украсна хартија и да почекате уште некој ден до возбудливиот момент.
Нашиот список со новогодишни предлози за подароци го подготвивме заедно со пријателите: Clinique, Estee lauder, Woman Secret, Манго и Елена Лука.
Козметичкиот бренд Clinique за празничните денови направи специјални сетови – подароци кои содржат комплети козметички производи: креми за лице и тело, парфеми или шминка, изборот е богат како во однос на женската, така и за машката козметика.
Уникатни козметички сетови предлага и докажаниот бренд Estee lauder. Во духот на празниците, Estee lauder за вас подготви подароци кои сигурно ќе запечатат еден убав момент од вашата семејна празнична идила. Ги издвојуваме сетовите со маскара, моливче за очи и крем за негување на кожата околу очите или пак сетот со маскара и кармини во голем избор на различни нијанси.
Доколку пак сакате да ја изненадите вашата сакана со интимна облека, тогаш Woman Secret го има идеалниот подарок. Во зависност од вашите преференции, може да подарите удобни и топли пижами или пак софистицирана долна облека.
Шпанскиот бренд Манго е честа дестинација кога се исполнува списокот на празнични желби. Овој пат, тие предлагаат богат избор на тренди аксесоари: топли ракавици, шешири, чанти, паричници, ремени... Време е за новогодишни изненадувања.
Доколку пак сакате да подарите нешто автентично, со дизајнерски потпис, тогаш домашната модна куќа Елена Лука ќе ги исполни вашите новогодишни желби. Топли зимски капути, женствени здолништа од брокат или елегантни кошули, празничната магија спакувајте ја во уникатно дизајнерско парче.