Американскиот пејач Р. Кели (55) е осуден на 30 години затвор за злоупотребување на својот статус на славна личност за сексуална злоупотреба на деца и жени. Оваа пресуда следи по осудата за рекетирање и сексуална трговија која му беше изречена во септемви минатата година во Њујорк.
По долгогодишно соочување со обвиненија, заклучокот на судијата во однос на пејачот вистинско име е Роберт Силвестер Кели, е дека тој има „рамнодушност кон човечкото страдање". Адвокатите на пејачот пак, велат дека тој ќе поднесе жалба.
Пред изрекувањето на пресудата, неколку жени застанаа да се соочат со Кели, а една од нив изјави дека пејачот „расте во зло со секоја нова жртва".
Фото: dailymailgh.com
Според судијката Ен Донели, Р. Кели го користел сексот како оружје, принудувајќи ги своите жртви да прават неискажливи работи, а некои заболеле од сексуално преносливи болести.
За време на шестнеделното судење во Бруклин, пред судот и поротата беа изнесени докази за тоа дека пејачот го злоупотребувал своето влијание за да намамува жени и деца на сексуална злоупотреба во текот на две децении, како и дека тргувал со жени меѓу различни американски држави, потпомогнат од менаџери, чувари и други членови на неговата придружба.
За време на судењето исто така се зборуваше и за тоа како Кели незаконски набавил документи за да се ожени со пејачката Алија во 1994 година, кога таа имала само 15 години, 7 години пред да загине во авионска несреќа.
Федералните обвинители препорачаа Кели да биде осуден на повеќе од 25 години затвор, со оглед на сериозноста на неговите досегашни и „потребата да се заштити јавноста од дополнителни злосторства", но неговите адвокати побараа казна од 10 години, што е задолжителен минимум или помалку, со образложение дека Кели „растел во сиромашно домаќинство исполнето со семејно насилство и сексуална злоупотреба уште од млада возраст."
Кели е во притвор откако беше обвинет од федералните обвинители во Њујорк и Чикаго во јули 2019 година, а неговите три години зад решетки беа исполнети со настани, вклучително и физичко насилство од созатвореник во 2020 година и борба со Ковид-19 на почетокот на оваа година.
Фото: Reuters
На пејачот му се заканува понатамошна правна постапка во август, кога повторно ќе му се суди, овој пат во Чикаго за слики за поседување сексуални фотографии со деца и обвиненија за опструкција. Тој, исто така, треба да се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба во судовите на Илиноис и Минесота.