Оваа недела одлучивме изборот за најдобро и најлошо облечени да го сведеме на мега популарната пејачка Рита Ора и Британската актерка, Сиена Милер.

За WOW на неделата ја одбравме заносната глумица која на премиерата на филмот „Just Like A Woman"  се појави во мал црн фустан со потпис од Бурбери. Изгледот го надополни со едноставен аксесоар- бурма, коњско репче и црни чевли.
За LOL на неделата ја одбравме миленичката на тинејџерската публика ширум светот, Британката со потекло од Косово, Рита Ора. Иако е позната по несекојдневниот стил, сепак не можевме да не го искоментираме нејзиниот стајлинг. Таа изгледа како да облекла тоа што прво и дошло при рака, разна мешавина од бои и аксесоари, а гардеробата воопшто не изгледа компатибилна на нејзината фигура, ниту пак парчињата се добри за комбинација едни со други. Токму затоа Рита е избрана за најлошо облечекна оваа недела.
Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Без категорија