На црвениот килим продефилираа ѕвезди облечени во тоалети од разни модни куќи, а ние направивме избор на најдобро и најлошо облечена ѕвезда од оваа манифестација.

За WOW на неделата ја избравме Лупита Нјонг која се појави во долг фустан од Dior Haute Cоuture во смарагдно - зелена нијанса, тесен на горниот дел и волуменозен на долниот, делумно во сирена стил со златен ремен околу струкот и иста нијанса алки на двете раце. Изгледаше феноменално!

За LOL на неделата Лаура Кајмајкл која се појави во едноставен фустан од Ердем со детали до колената и интересни сандали кои повеќе би одговарале на друга креација. Можеби изгледот не би бил толку лош доколку со него се појавеше на некој друг настан каде не се бара гламурозност во секој поглед.

Објавено:
17 февруари 2014
Категорија: 
Без категорија