За WOW на неделата ја избравме Соња Кругер која на црвениот килим се појави во креација од Алекс Пери, односно долг фустан во црвена боја со еден ракав, обложен со тантела која придонесе за делумен транспарентен изглед. Изгледот го надополни со клач чанта и сандали во беж нијанса

За LOL на неделата ја избравме Сузи Елелман која се појави во ист фустан кој го носеше и во 1995 година. И тогаш и сега заради изборот на аутфитот се најде на листата на најлошо облечени личности од доделувањето на TV Week Logie Awards. Поранешниот модел и презентер на црвениот килим се појави во црн долг фустан со изразено V деколте во црно бел пруги, кој малку остава простор за имагинација. Изгледот го комплетираше со црна клач чанта и црни салонки на висока платформа. Токму поради ваквиот аутфит, Сузи Елелман ја избравме за најлошо облечена позната личност за оваа недела.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Без категорија