Веќе знаеме дека познатите светски трендсетерки се големи обожавателки на потпетиците од уникатниот бренд Аквазура. Посебниот дизајн на чевлите што е вистинско олицетворение на сексапил, е омилен и на прекрасната Оливија Палермо која за нив неодамна креираше и капсулна колекција.

Волшебниот бутик на брендот Аквазура е сместен во срцето на Фиренца во близина на прекрасната палата Корзини. Кога тимот пред неколку години го отвори бутикот, Фиренца се чинеше како сосема логичен избор за првиот и единствен бутик на брендот.

Во оваа продавница, сите обожавателки на чевли ќе најдат ексклузивни модели и колекции, како и уникатни невестински чевли, но и такви изработени по мерка и сопствен вкус што се смета за врв на луксузот.

Ентериерот на бутикот е дело на познатите дизајнерки на ентериер Клаудија и Катарина Соарес Переира. За потребите на бутикот и по желба на сопствениците, тие создадоа совршена хармонија помеѓу колекциите, просторот и современата идеологија на брендот.

Бутикот е украсен со најразлични винтиџ елементи, прекрасни и уникатни детали и светли нијанси што дополнително го осветлуваат просторот.

Со ова, слободно можеме да кажеме дека бутикот на Аквазура и омилен на трендсетерките е храм на елеганцијата во кој сите клиенти ќе се чувствуваат како во сон кога ќе го преминат луксузниот праг!

Погледнете!
