Фантастична есенска бохо приказна на брендот Free People

6 септември 2014

Брендот Free People ја претстави новата кампања инспирирана од селфи манијата што го зафати светот!

Новата кампања на одличниот моден бренд за месец септември не вклучува ниту еден професионален модел, туку блогери, уметници, интересни и кул луѓе, како и вистински обожаватели и клиенти на брендот кои за потребите на едиторијалот снимаа во улога на вистински селфи зависници.

Фотографиите се направени низ улиците на Њујорк, Париз, Лондон и Лос Анџелес, а во најновата есенска кампања можеме да ги видиме Елза Хоск, Марта Хант, Дејзи Лав, Грејс Махари, Ленгли Фокс, Александра Спенсер и Натали Суарез.

Главниот акцент на целата колекција е ставен на опуштениот и лежерен стил и парчиња кои го следат трендот на бохо шик, па низ свежите есенски денови брендот ни овозможува да се опуштиме со тренди кожени парчиња, шапки, џемпери, тексас јакни, чизмички, удобни фустанчиња и што уште не.

Мора да признаеме дека буквално секое парче е неверојатно тренди и шармантно, а она другото што особено ни се допаѓа се фасцинантните фотографии.

Уживајте!

Објавено:
6 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија