Во пресрет на Денот на вљубените, тимот на Fashionel само за вас го направи најубавиот едиторијал што можеби ќе ве потсети на една од најважните работи во животот – да се сакате себеси што е можно повеќе!
Настрана сите клишеа поврзани со Денот на вљубените, она што секогаш треба да го имате на ум, а истото не е воопшто себично, е тоа дека љубовта кон самите себеси е всушност најмоќната љубов од сите.
Само на тој начин ќе можете да ги сакате сите останати и да им ја пружите сета љубов што им е потребна. Овој Валентин, одвојте го потребното време за себе на кое толку долго чекавте!
Земете слободен ден, одете во шопинг, уживајте во козметички третмани, видете се со сите пријателки кои толку долго време ве чекаа да се вратите!
Покажете ги вашите кулинарски способности и згответе вкусен ручек за целото семејство на кое во последно време не му посветивте воопшто внимание поради бројните обврски што ги имате.
Без разлика за што и да се одлучите, запомнете дека пред сѐ, вие сте силна жена со неверојатна самодоверба која може да го освои светот за час.
За да ви го докажеме тоа, ние направивме неколку моќни и инспиративни, помалку андрогени стајлинзи само за вас.
Без размислување, уште веднаш одберете една од комбинациите и резервирајте маса во кафулето што толку многу го обожувавте со пријателките.
Поминете луда вечер како никогаш досега, без воопшто да жалите што нема да објавите фотографија со романтична вечера и свеќи на Фејсбук.
Нека овој Валентин биде денот кога ќе започнете љубовна авантура сама со себе и кога конечно ќе почнете да уживате во друштво на добрите луѓе на кои толку многу им недостасувавте.
И за крај, оваа вечер оставете ги фрустрациите на социјалните мрежи настрана!
Fashion Group: Mango, Parfois, Bata, Springfield.
Модел: Марија Дичевска, Моделс Ин
Локација: Кафе – бар - Штала