Во Париз во моментов се одржува Машката модна недела, па сосема очекувано, улиците се исполнети со супер шик стајлинзи. Овие денови, можевме да видиме некои од најпознатите модни блогери, ѕвезди од реални шоуа, уредници на модни списанија и бројни ѕвезди во интересни стајлинзи што дефинитивно може да ни послужат како супер инспирација за ова лето.

 

Како и секогаш, така и овојпат, модната недела во Париз не ја пропушти ниту семејството Кардашијан, па така моден претставник на семејството овојпат беше нивната мајка Крис, која се одлучи за неколку стајлинзи во црни нијанси.

 

Подмладокот на семејството беше забележан на ревиите на Рикардо Тиши за Живанши и на онаа на Балман во нивните добро познати изданија.

 

Улиците на Париз ги преплавија и голем број модерни мажи, кои во духот на модната недела, одбраа исклучиво дизајнерски парчиња со кои ја најавија модата за претстојната сезона.

Погледнете!

 

Објавено:
29 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија