Викендов буквално сите зборуваа за совршениот едиторијал за октомврискиот број на јапонски Вог во кој на пиедестал се моделите од последната колекција на Долче и Габана.
Неверојатното дуо составено од Ана Дело Русо и уникатната Џована Батаља направија навистина одлична работа во еден од најубавите италијански острови Капри, каде што впрочем и неодамна брендот ја претставија нивната Алта Мода колекција.
Дел од фантастичниот едиторијал на Капри се прекрасните Надја Бендер, Кинга Рајзак и Далиана Арекон кои ја имаа честа да позираат во некои од најраскошните couture креации од новата колекција на брендот.
Фотограф на совршениот едиторијал е Бо Џорџ, а резултатот како што се очекуваше е и повеќе од магичен! Стајлингот нормално, го потпишуваат славните уреднички и стилистки на Вог Ана Дело Русо и Џована Батаља.
Овој понеделник и новиот месец започнете го со магијата на Капри и фасцинантниот едиторијал со единствените модели на Долче и Габана.