Натали Портман во сите нијанси на розово за Harper’s Bazaar
•
10 јули 2015
Актерката Натали Портман во августовското издание на магазинот Harper’s Bazaar ги носи сите нијани на розово. Во едиторијалот кој ќе го заокружи нејзиното интервју за магазинот, таа е облечена во раскошни креации од светски брендови и тоа сите во розова боја.
Долче и Габана, Гучи, Живанши, Прада, Армани, Диор, ќе ги обојат страниците на Harper’s Bazaar во бајковито розово преку објективот на фотографот Норман Џин Рој.
Натали изгледа романтично, истовремено и заводливо и женствено, а во позадина се претопуваат азурното сино море и небо, како контраст на розовата што доминира во аутфитите на оскаровката.