Шведскиот мајстор за дизајнирање на шик улични парчиња, брендот H&M во својата најнова есенска колекција повторно ја нагласи урбаната динамика.
Во нивната модна мисија им помогна прекрасниот супер модел Магдалена Фраковијак која позираше заедно со тимот на шведскиот бренд и буквално го „ловеше“ уличниот дух низ различни локации во градот и на еден мошне атрактивен начин и даде живот на целата колекција.
Од фотографиите може да се забележи дека неизбежни парчиња облека за оваа сезона според H&M ќе бидат комбинациите со крзно и кожа, а од модните додатоци особено се издвојуваат шапките во федора стил и чизмите во висина до над колена кои сигурно ќе ги обожаваат сите дами кои преферираат боемски стил.
Но и спортскиот шик не губи на својата популарност, а H&M го претстави преку неодоливите дизајни на ранци,широките панталони со впечатливи бои кои наликуваат на долен дел тренерки како и долгите транспарентни туники. Се чини дека H&M и Магдалена со своите еклектички стајлинзи кои целосно го отсликуваат уличниот ритам на градот не натераа да ја прошириме нашата есенска шопинг листа за уште неколку парчиња.